Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија не ги исполнува условите од објавениот повик.
Прес-службата на Министерството за транспорт најави дека во следниот период ќе се направат дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информираат јавноста.
-На јавниот повик кој беше објавен на 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија достави понуда. По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик. Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста, се вели во соопштението од Министерството за транспорт.
Од 120-те еколошки автобуси што требаше да се набават со повикот, 80 требаше да бидат наменети за Град Скопје, а останатите 40 за општините согласно економската оправданост и нивните реални потреби.
МИА
Ново на Сител
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда