-->
-->
Понесете си чадор: Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд
-->
Времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и југозападните делови на земјата. Во останатите подрачја врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет. Локално се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 17 до 24 степени.
Во скопското подрачје ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен југоисточен ветер и со повремен дожд. Температурата ќе се движи од 11 до 19 степени.
Во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет и локално застапени. Температурата на воздухот ќе биде релативно ниска за овој период, особено од четврток.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење