Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
Со одбележувањето на Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар, покажуваме почит кон сите кои загинаа за Хрватска, изјави денеска во Вуковар хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
„Со одбележувањето на Денот на сеќавање на жртвите од патриотската војна и Денот на сеќавањето на жртвите на Вуковар и Шкабарња, покажуваме почит кон сите оние кои ги дадоа своите животи за слободна Хрватска. Постојано се грижиме за хрватските ветерани, ја браниме вистината за патриотската војна и продолжуваме со потрагата по исчезнатите, напиша Пленковиќ на својот Фејсбук профил.
Илјадници Хрвати се собраа денеска во Вуковар на годишна комеморативна поворка по повод 33-годишнината од заземањето на градот од српските паравоени единици и југословенската армија, јави хрватската редакција на регионалната телевизија Ен 1.
По 87 дена отпор, на 18 ноември 1991 година беше совладана одбраната на Вуковар. Етнички мешаниот град на брегот на реката Дунав беше речиси целосно уништен и остана под српска контрола до 1995 година. На 18-19 ноември беше поразена одбраната на градот Шкабарнија, кој исто така се сеќава на жртвите денес.
Хрватска денеска го одбележува и Денот на сеќавање на жртвите од патриотската војна, која земјата ја водеше за независност од СФРЈ во периодот од 1991 до 1995 година.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење