Помошта од 6.000 денари може да се искористи во кој било период, потсетуваат од Владата
Владата потсетува дека граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања. Станува збор, како што наведуваат во соопштение, за околу 300.000 граѓани кои средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.
– Тоа се пари наменети за граѓаните на кои им е потребна поддршка и истите може да се користат непречено веднаш по уплата на сметката. Овие средства се и остануваат за граѓаните. Дополнително целта е и да се поддржи домашната економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, наведуваат од Владата.
Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, испроектирани се вкупно 27,5 милиони евра. На страницата kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број.
Ново на Сител
-
Богојески најави тужби против правни и физички лица, тврди дека создавале лажни профили со негов идентитет
-
Санација на коловозот на улицата „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје
-
Дебранец агресивно се однесувал кон полициските службеници кои го сопреле неговиот малолетен син кој возел автомобил
-
Доминиканската Република објави извештај за уривањето на покривот во ноќен клуб
-
Муцунски: Западен Балкан е суштински дел од иднината на Европа
-
Лишен од слобода кавадарчанец, со алат се обидел да влезе во туѓ дом
-
Уапсени Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири за пожарот во Кочани, истрагата проширена за 23 лица
-
Без вода корисници во Сопиште