Бизнис
6. July 2015 - 19:49

Помош од државата за да нема отпуштања бара металската индустрија

Металурзите бараат поддршка од државата за да нема отпуштања на вработените во секторот. Претставниците од оваа индустрија велат дека ниската цена на никелот на светските берзи доведе до пад на индустриското производство, извозот и вработеноста во првите месеци годинава.

Но и покрај ваквата состојба тие прават напори да не отпуштаат работници. Задоволни се од напорите што ги прави Владата за подобра патна инфраструктура, и очекуваат да им обезбеди поддршка со поконкурентен железнички транспорт и стабилен енергетски систем.

Од Здружението на металурзи истакнаа дека состојбата во челичната индустрија бележи надолен тренд во светски рамки, намалено е производството на челик а цената на никелот  се спушти и под 12 000 долари за тон. Сепак до крајот на годината очекуваат загарантирано производство и реализација на нарачките, а ќе се реализираат и проектираните инвестиции

Меѓудругото беше истакнато дека  кризата во Грција нема да доведе до поголеми нарушувања во трговско- деловните односи со македонските компании.

Металуршкиот сектор во земјава учествува со околу 11 % во БДП.