Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван
Веќе не мора да се шетате по судовите за да вадите потврди. Документ дека не сте осудуван или потврда за изречена забрана за вршење на професија може да си извадите онлајн.
Законот којшто беше донесен од почетокот на годината, налага дека и државните институции и приватниот сектор мора да ви ги уважат документите што сте ги извадиле по електронски пат. Но, ако ве вратат и ако ви побараат да си извадите документи од шалтер, за тоа никој нема да одговара. Бидејќи ова министерство откако е формирано, нема инспектори.
Но, казни за тие што не го почитуваат законот, нема да има до крајот на годината.
Меѓудругото, во новините на дигитализацијата денеска доаѓа и веста за нови софтвери. Со него, министерствата и инспекторатите ќе може да проверуваат дали некој објект има валидна лиценца.
Андоновски стои на располагање на надлежните да креира и нов софтвер, со кој би се олеснила маката на граѓаните да ја посетуваат секоја веб-страница на маркетите и да бараат каде прашокот е најевтин.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар