Полскиот министер за одбрана смета дека Русија системски се подготвува за агресија врз НАТО
Русија и натаму е сериозна закана за НАТО и Москва системски се подготвува за агресија врз Алијансата, изјави полскиот министер за одбрана Антони Мачеревич во интервју за денешното издание на весникот „Жечпосполита“, пренесува ТАСС.
- Целото однесување на Русија до овој момент зборува за системска подготовка за агресивни дејствија и е време да се проговори за тоа отворено, рече Мачеревич.
- Причините за последните инциденти во Балтичкото Море тој ги гледа во плановите на НАТО да го прошири своето присуство на источниот крило на Алијансата. Русија сака да покаже дека Балтикот „е зона забранета за НАТО". Тоа се типични активности за Русија, кога се доближуваме до прифаќање на решение, рече тој, мислејќи на самитот на НАТО, на кој Варшава ќе биде домаќин.
- Полска гледа на овие активности сериозно и смета дека тие се потврда за долгорочната закана за неа, за Централна Европа, а на крајот и за цела Европа, особено имајќи ги предвид силите кои Русија ги натрупа во Калининградската област, како и на други места долж западната граница. Тоа сили, потврдуваат дека агресивните процеси од страна на Русија се во развој и затоа заканата во моментов е сериозна, изјави Мачеревич.
Во однос на претстојниот состанок на Советот Русија-НАТО тој рече дека е потребно да бидат разгледани технички методи за спречување на инциденти, слични на оние во Балтичкото Море. - Но засега не гледам никакви сигнали од Русија дека е заинтересирана, туку напротив, таа користи слични инциденти и провокации како средство за притисок, рече министерот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица