Полска собира податоци за странците на нејзината територија
Поради безбедносните мерки во Европа, Полска почна да собира податоци за странците кои живеаат или ја посетуваат земјата.
Полското Министерство за одбрана побара од властите во западниот дел на Полска да ги информира за личните податоци од лицата кои се наоѓаат во тој регион. Барањето предизвика критики од страна на полските опозициски партии, кои оценуваат дека со ваквиот пристап странските државјани се сметаат за закана во земјата.
Заменик-министерот за одбрана на Полска, Михаил Дворчик, наведе дека „доколку се земе предвид ситуацијата во Европската унија, природно е државата да има информации за странците кои се наоѓаат на полската територија“.
Полска е на мета на критиките од европските лидери бидејќи одбива да прими мигранти од Блискиот Исток и Африка на нејзината тероторија.
Ново на Сител
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК