Полнач за електрични автомобили во катната гаража „Македонска фаланга“
Во катната гаража „Македонска фаланга" во Скопје денеска официјално беше пуштена во употреба станица за полнење електрични возила, која е поставена на првиот кат на гаражата.
На пуштањето во употреба на новата станица за полнење електрични возила присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој најави и други активности на Градот во областа на електромобилноста.
- Оваа станица е наменета за полнење на сите видови електромобили (автомобил, скутер, електро велосипед) и има два приклучоци за истовремено полнење со вкупна моќност од 22 кило вати по приклучок. Еден електро автомобил целосно се полни за околу 30 минути, а со овие автомобили трошокот за возење на 100 километри изнесува околу 50 денари. Паркингот за време на полнењето во катната гаража е бесплатен, рече Трајановски.
Тој најави дека Градот ќе продолжи со проекти со кои се унапредува елетромобилноста и во наредниот период ќе биде набавено вакво возило за потребите на администрацијата на Град Скопје, а ќе продолжи и процесот на поставување полначи на паркинзите на ЈП „Градски паркинг".
Станицат аза полнење електромобили во катната гаража е прва од овој вид на територијата на Град Скопје, а во моментов ЈП „Градски паркинг" има набавено две станици, за што издвои 20.000 евра.
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември