-->
-->
Полициските хеликоптери фрлија над 140 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и во Светиниколско
-->
Два хеликоптера на Одделот за воздухопловни единици на МВР вчера исфрлија преку 140 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и во Светиниколско.
Како што соопшти МВР, хеликоптерот Ми-171 дејствуваше во реонот на Свети Николе-Пробиштип-Кратово и во 40 налети исфрли над 100 тони вода, со што е отстранета опасноста пожарот да се прошири.
Хеликоптерот Бел-412, пак, заедно со хеликоптер од Република Србија дејствуваше во реонот на Старо Нагоричане и заедно со силите на терен го стопира кракот што се закануваше да се прошири кон нов непристапен терен. Хеликоптерот при дејствувањето во 27 налети исфрли 40 тони вода, наведуваат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%