Полициска акција „Којот“ во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија
Во оперативна акција под називот „Којот” која се одвивала во текот на вчерашниот ден па се до утринските часови од Одделот за сузбивање сериозни криминал при МВР, приведени се повеќе лица и извршени се претреси на неколку локации во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија.
Како што потврдија за МИА од МВР, акцијата е извршена поради основи за сомневање за сторени повеќе кривични дела злосторничко здружување, разбојништва, лажно претставување, неовластено производство и пуштање во промет дроги, психотропни супстаници, криумчарење мигранти и злоупотреба на службена положба.
Според првичните информации, осомничени се и полициски службеници од СВР Велес.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што објави на веб страницата, раководи со предистражната постапка во која со правосудната полиција – МВР РМ Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал од утринава ја спроведува акцијата „Којот”.
- Со акцијата се гони поголема организирана криминална група поради основи на сомневање дека подготвува и извршува повеќе кривични дела, и тоа Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од чл.418-в, Криумчарење мигранти од чл.418-б, Разбојништво од чл.237 ст.4 в.в. со ст.1, Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.3 в.в. со ст.1 и 2 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ОЈО објавено на веб страницата.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува, продолжува со преземањето дејствија, за кои јавноста ќе биде дополнително известена.
Повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на денот.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска