Полицијата вчера казнила 253 возачи во Скопје, 49 од нив возеле во алкохолизирана состојба
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 45 мерки за возење без возачка дозвола, девет за возач почетник, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 49 мерки за возење под дејство на алкохол, седум мерки што ги чинат пешаците, седум за користење мобилен телефон, 10 мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога