Полицијата упадна во обложувалница во Тетово, еве што затекна таму
Вчера во 20,00 часот во спортска обложувалница на ул. „133“ во Тетово, по претходно добиени сознанија дека работи нелегално, без лиценца за работа, екипа од СВР Тетово извршила контрола.
Во објектот биле затекнати Р. Х. (24) и П.Т. (44) од Тетово, кој се претставил дека е вработен, а во шанкот за уплати на тикети била затекната С. Ѓ. (33) од Тетово.
Во обложувалницата бил повикан и сопственикот на обложувалницата Е.Л.
Лицата и предметите во обложувалницата (монитори за игра во живо и неколку ЛЦД телевизори наменети за игри на среќа, шанк за уплата на тикети, неколку телевизори наменети за игра на среќа - трка со кучиња, како и билтени за спортска прогноза и уплатени тикети), биле обезбедени и за тоа бил информиран Јавен обвинител.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш