Македонија
30. July 2022 - 16:31

Полицијата и моторџии во акција за побезбеден сообраќај

СВР Струмица  и мотоциклистите во заедничка акција за подигање на свеста за безбедноста во сообраќајот. Во рамки на планот ,, Безбедно лето,, денеска на подрачјето на ОВР Радовиш реализираа превентивно информативна активност преку која ги потсетија учесниците во сообраќајот на законската обврска за носење кацига, но и почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Од полицијата велат дека ваквите превентивни активности имаат за цел да помогнат во задржување на поволната состојба на подрачјето на ОВР Радовиш каде во текот на 2021 и првата половина од 2022 година не се регистрирани сообраќајни несреќи со загинати, ниту повредени мотоциклисти.

Мотоциклистите со апел до сите нивни колеги, а посебно помладите задолжително да носат заштитна опрема бидејќи таа служи исклучиво за нивна безбедност и заштита.

Од СВР Струмица најавуваат дека превентивните активности, но и репресивните мерки за сите кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи ќе продолжат и во наредниот период  со цел подигање на нивото на безбедност сообраќајна култура. Како резултат на овие мерки минатата година на подрачјето подрачје на ОВР Радовиш не била  регистрирана ниту една сообраќајна несреќа со смртни последици, а додека бројот на жртви во целиот сектор бил намален за 50%.