Македонија
13. March 2025 - 12:18

Полицијата го зголеми надзорот

Сообраќајни несреќи и алкохолизирани возачи ги полнат полициските билтени во Охрид.Брзо возење,непочитување на правилата за првенство на минување, управување под дејство на алкохол се најчести причини за незгоди. Речиси и да нема ден, а да не се случи сообраќајна несреќа пред само два дена беа повредени 4 лица а за жал таа која што се случи на 8 ми март кај Рача заврши со смртни последици во која загина 27 годишен моторциклист.

Полицијата го зголеми надзорот, следејќи ја брзината, користењето на алкохол и мобилни телефони за време на возењето. Најголем дел од несреќите се регистрирани на автопатот Охрид-Кичево, кој сè уште е во изградба.

За месец февруари до денес склучени се вкупно 11 сообраќајни несреќи во кoи повредени се 11 лица.

Минатата година беа регистрирани 280 сообраќајни несреќи со 5 жртви. Иако во 2024 година има помалку несреќи, бројот на загинати е зголемен.