-->
-->
Полиција во куќата на Борис Џонсон, негов сосед пријавил кавга и удирање
-->
Британската полиција синоќа била повикана во домот на кандидатот за нов премиер на Велика Британија, Борис Џонсон. Полицијата била повикана откако сосед на Џонсон пријавил дека слушнал кавга и бил загрижен за соседката.
Лондонската полиција соопшти дека повикот бил направен вчера рано изутрина од лице „загрижено за здравјето на соседката”.
Џонсон во таа куќа живее со партнерката Кери Симондс. „Гардијан“ пишува дека соседите на Џонсон пријавиле оти слушнале врескање, викање и удирање.
"Get off me" и "get out of my flat" - викала партнерката на Џонсон.
Полицијата соопшти дека сите луѓе во куќата на Џонсон биле „безбедни и добри” и дека немало прекршок. Контроверзниот Џонсон – поранешен новинар, градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата на Велика Бритнија, важи за фаворит во трката за нов лидер на владејачката Конзервативна партија, а минатата година се разведе од Марин Вилер по 25 години брак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци