-->
-->
Полиција го запрела - мотоциклист продолжил и удрил полициски службеник
-->
Вчера околу 23 часот во Скопје, на крстосницата од булевар „Партизански Одреди“ со улица „Франклин Рузвелт“, од страна на полициски службеници се преземале службени дејствија за контролирање на возачи кои управуваат моторцикли. При обид да се сопре и контролира возач кој управувал мотор „Јамаха“ без регистарски ознаки, истиот не застанал на даден знак и со предниот дел од моторот удрил во еден полициски службеник при што со моторот паднал на коловозот. Од ударот полицискиот службеник се задобил со повреди и со возило на Итна мединска помош е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“. Мотоциклистот, лицето Р.К.(22) од Волково, е приведен и се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати