Балкан
27. April 2016 - 19:49

Полицаец загина при експлозија на бомба во источна Турција

Еден полицаец загина, а двајца се повредени при експлозија на рачно изработена бомба, поставена од терористите на Курдската работничка партија (ПКК) на пат во округот Муш. источна Турција, јави весникот „Хуриет“.

Бомбата експлодирала на патот Муш-Варто во реонот на селоо Ташдибек во моментот кога поминувало околопно полициско возило.

Безбедносните сили презеле операција со поддршка од воздух во реонот со цел апсење на терористите.