Погребот на папата Франциск закажан за 26 април
Ватикан соопшти дека погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април во 10 часот по локално време.
Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници.
Во тестаментот што синоќа го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: Franciscus.
Папата исто така навел дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.
„Трошоците за подготовка на погребот ќе бидат покриени од износот што го обезбеди добротвор, а за кој договорив да биде префрлен во базиликата Санта Марија Маџоре“, стои во тестаментот.
Ново на Сител
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска
-
Николоски: Имаме јасна цел извозот во Велика Британија да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од три милијарди евра
-
Утре без вода дел од скопските општини Гази Баба и Карпош
-
Над 150 повредени во земјотресите во Истанбул