Loading Video...
Свет
21. August 2025 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Палестински цивили  бегаат од делови од градот Газа откако Израел ги почна првите чекори   од планираната копнена офанзива за заземање  на главниот град  на Појасот Газа.. Војската воспостави контрола врз предградијата Зејтун и Џабалија.

- Ќе го продлабочиме нападот врз Хамас во градот Газа, упориште на владиниот и воениот терор.Ќе ги интензивираме нападите врз терористичката инфраструктура над и под земјата и ќе ја прекинеме зависноста на населението од Хамас, Ефи Дефрин, портпарол на израелската армија.

Градот Газа е дом на околу милион луѓе , кои  според планот на ИЗарел  ке  треба да заминат во шатроски населби и засолништа во јужниот дел на енклавата. Генералниот секретар на ОН  ги обнови повиците за итен прекин на огнот.

- Морам да повторам дека е од витално значење веднаш да се постигне прекин на огнот во Газа и безусловно ослободување на сите заложници, како и да се избегне масовна смрт и уништување што неизбежно би ги предизвикала воената операција врз  градот Газа, изјави Антонио Гутерш, генерален секретар на ОН.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху тврди дека целта на офанзивата во градот Газа е брзо завршување на војната со Хамас.  Хамас го обвини Нетањаху дека ги попречува напорите  на медијаторите за постигнување договор за прекин на огнот и размена на заробеници. 

Украинскиот претседтаел Зеленски  ги повика Европа и САД во рок од седум до до десет дена да соопштат какви бзбедноси гранции се подогтвени да понудат како дел од мировен догвор за завршување на  руско-украинската  војна. Содените држави нема да испратат  копнени трупи во Украина но најавија  можност за воздушна поддршка..  Европа   мора да го понесе најголемиот дел од товарот за безбедноста во Украиа истакна потпресдателот ан САД.

Европејците ќе мора да го преземат лавовскиот дел од товарот. Тоа е нивен континент, тоа е нивна безбедност. Џеј ди Венс, потпретседател на САД.

Русија во текот на нокта ја нападнала Украина со 574 дронови и 40 ракети. Според украинската армија  тоа е најголемиот напад во август досега . Едно лице е убиено а 15 се повредени. На западот од земјата погодена е американска фабрика за електроника обајвија локалните  власти.  Мета бил и главниот град Киев.