Балкан
10. February 2017 - 9:32

Погребана младата Јована која братот ја уби со пушка - семејството во болка

19-годишната Јована Џорџевиќ од Србија, која на шести месецов со пушка ја уби нејзиниот четири години помал брат, беше погребана вчера.

Српскиот Курир пишува дека последна почит на Јована и оддале нејзините родители, другарите, но не и нејзиниот брат на кој му е одреден притвор.

Најтешко им беше на родителите на јована, кои ги погоди двојна трагедија, со оглед на тоа дека ќерката им почина, а синот им е зад решетки.

За потсетување, братот ја застрела Јована ненамерно со пушка. Одговорност ќе сносат неговиот татко и сосед чија е пушката.