Погребан младиот Филип - Мајката едвај стоеше на нозе
Филип Вилотијевиќ познат како Кичун беше погребан вчера на Градските гробишта. 27-годишното момче од Нови Сад беше погребано покрај татко си кој почина пред 16 години. Последен поздрав му упатија неговата тетка, пејачката Дара Буба Мара, како и синот на Светлана Цеца ражнатовиќ, а на погребот присуствуваа неколку стотини лица.
- Рано го изгуби татка си. Твоите планови ги прекинаа кукавиците кои те убија. Нам ни останува голема задача, ти нема да бидеш заборавен никогаш!, вели еден роднина низ болка.
Мајката Лилјана со ќерката и синот едвај стоела на нозе. Кога го спуштале сандакот, липала на цел глас: - Сине, Филипе, каде одиш...
За потсетување, Филип беше изрешетан во петокот навечер. Засега се смета дека му е поставена стапица и дека знаел еден од другарите кои биле со него во автомобилот кобната вечер.
Ново на Сител
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?