Поетскиот караван на ДПМ во Гевгелија

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија денеска гостува во Гевгелија.
Љубителите на литературата на пладневната поетска манифестација во библиотеката „Гоце Делчев“ ќе имаат можност да се сретнат со истакнати автори од различни генераци, меѓу кои: Ристо Лазаров, Ефтим Клетников, Вања Изова Велева, Бранко Цветкоски, Игор Крајчев, Раде Силјан, Трајче Кацаров, Наташа Трајчевска, Веле Смилевски, Кочо Топузоски, Борче Панов, Љерка Тот Наумова, Кирил Кангов, Милица Пашоска, Миле Јовановски Поречанец, Стефан Марковски и Јовица Илиќ.
Годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите до сега гостуваа во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Крушево, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.
До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во Куманово, Велес, Кавадарци и Радовиш.
Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
