Подводни венчавки на грчкиот остров Алонисос
Грчкиот остров Алонисос го одбра Денот на вљубените за официјално да ја објави и соопшти можноста за организирање подводни венчавки, а за крајот на август веќе е закажана и првата ваква венчавка, јави дописничката на МИА од Атина.
За промоција на поинаквата можност за стапување во брак, од општината објавија и видео под слоганот „Alonissos, I Love You Deeply!“, а меѓу нуркачите, како што пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, е и градоначалникот на островот Петрос Вафинис, кој веќе церемониите може да ги извршува и под вода.
Вафинис вели дека заедно со првиот подводен музеј во Грција, отворен токму на Алонисос и другите прекрасни места за нуркање, во последните години го истакнуваат нуркањето како начин на живот.
-Подводната венчавка на нашиот остров е одличен начин за размена на завети во текот на целата година и за парот не се потребни посебни вештини и знаење, ниту неразумни трошоци. На Денот на вљубените ги покануваме сите заљубени да го живеат подводното свадбено искуство на Алонисос и од тука да го започнат новиот живот, порача градоначалникот на островот, пренесе АНА-МПА.
Алонисос, заедно со Скиатос, Скопелос и Скирос се дел од Спорадските острови во Грција.
Ново на Сител
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари