Подољак: Секое одложување на помошта е смрт на Украинци
Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска ги повика сојузниците на Киев „побрзо да размислат“ за воена поддршка за Киев, еден ден откако не успеаја да се договорат за испраќање борбени тенкови што ги бара Украина.
„Ќе и помогнете на Украина со потребното оружје и ќе разберете дека нема друга опција за завршување на војната освен поразот на Русија. Но, денешната неодлучност значи дека се повеќе наши луѓе гинат. Секој ден доцнење е смрт за Украинците. Размислете побрзо“, напиша Подољак на Твитер.
Сојузниците на Украина оваа недела ветија стотици милиони долари нова воена помош, но не можеа да се договорат на конференцијата во воздухопловната база Рамштајн вчерада испратат тенкови Леопард 2 од германско производство, кои Киев долго време ги бараше.
Ново на Сител
-
Со донација од ТИКА, Уставниот суд започнува процес на комплетна дигитализација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува мирна кампања
-
Орце Ѓеоргиевски најавува чистење на Скопје по првите 72 часа
-
Бујар Османи нуди ова визија за Чаир: Ова не се обични избори
-
Стевче Јакимовски ја презентираше програмата
-
Левица со герила акција пред АВМУ на првиот ден од кампањата
-
Од 25 повредени велосипедисти и возачи на тротинет во Југоистокот само едно лице носело заштитна опрема