Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА
Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија, јави дописникот на МИА од Белград.
Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои шест се на Интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна.
- На ВМА има 10 пациенти, од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка и тешка состојба. Еден пациент кај кого има подобрување на здравствената состојба го напушти одделението за Интензивна нега и е префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Тоа значи дека сепак е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување, изјави за РТС д-р Иван Лековиќ, заменик началник на Воено медицинската академија и главен дежурен хирург.
Во Србија моментално се лекуваат 29 повредени лица од Кочани.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради