-->
-->
Поднесени нови докази од СЈО за „Тенк“
-->
Специјалното јавно обвинителство поднесе нови докази за случајот „Тенк“, за кои на денешното рочиште судот треба да се произнесе. Одбраната, пак, е против да се разгледаат доставените нови докази.
По дебатата во судницата и инсистирањето на СЈО дека станува збор за битни докази кои треба да бидат прифатени од судот, беше дадена пауза за да се признесе судечкиот совет.
Во „Тенк“ обвинети се Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, како и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Тројцата се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.
Во судот денеска се присутни Никола Груевски и Ѓоко Поповски.
Постапката за Јанкулоска е издвоена поради „ризична бременост“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија