Поднесени 17 барања за азил до МВР, 715 потврди за намера за барање азил
Во текот на вчерашниот ден до Одделението за азил при МВР се поднесени уште 17 барања за азил, од кои 11 баратели на азил се мажи, еден барател на азил е женa, додека баратели на азил се малолетни лица.
МВР денеска соопшти дека вчера врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, МВР издаде 715 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.
Во периодот од 19.06.2015 до 22.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 17.610 странски државјани, од кои, 12.965 се од машки пол, 2.309 се од женски, 2.191 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 12.798, потоа од Авганистан 1.471, од Ирак 1.054, Пакистан 606, од Сомалија 423, Палестина 357, Конго 254, од Камерун 104, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 35 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 25 барања се од државјани на Сирија за азил, од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Ново на Сител
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура