-->
-->
Подметнат пожар пред дом на стружанец
-->
Непознат сторител околу 01,40 часот предизвикал пожар со фрлање на запалива течност пред вратата на домот на Д.У. (40) од Струга при што пожарот се проширил и во внатрешниот дел, информира МВР.
Д.У. во Полициската станица-Струга пријавил предизвикување општа опасност извршено од страна на непознатиот сторител.
Од страна на присутните во домот пожарот е изгаснат, при што мајката на Д.У., М.У. се здобила со изгореници во десната нога.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник