Поддршка за 33 организатори на настани, за игротеки, детски одморалишта, фотографски студија и фитнес центри
На 33 економски оператори од индустријата за организација на настани кои ги исполниле условите од јавниот повик, ќе им бидат распределени предвидените 15.443.661,00 денари поддршка од шестиот антикризен пакет.
На повикот биле поднесени 45 апликации.
Владата на денешната седница одлучи од шестиот пакет за справување со последиците од КОВИД-кризата, поддршка да добијат и сите 184 правни лица – регистрирани фотографски студија и фитнес центри. За нив се проектирани вкупно 11.924.820,00 денари.
На седницата беше разгледана и информацијата за резултатите од спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта по што е одлучено да се исплатат вкупно 5.442.232 денари на 73 правни лица кои ги исполнуваат сите услови од јавниот повик.
Ново на Сител
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања