Подароци од полициски службеници за Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово
По повод Денот на македонската полиција - 7 Мај, денеска Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово од делегација од Министерството за внатрешни работи добиподароци во компјутери и други неопходни средства за секојдневно функционирање.
- Со денешната посета на Дневниот центар за деца со посебни потреби сакаме уште еднаш да ги покажеме нашите заложби за почитување на начелата за еднаквост на можностите и недискриминирање и тоа не само формално туку и суштински, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу кој со заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност Бесир Деари и претставници од Секторот за внатрешни работи го посетија центарот.
Директорот Беџет Камбери информираше за просторните и останатите услови во кои е организиран престојот на децата, за нивните приоритети и потреби и слично а се заблагодарија на подароците што ги добија од високите полицискислужбеници.
Ново на Сител
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот