Почнува втората инвестициска фаза на Ван Хол во Македонија
Белгиската компанија „Ван Хол“ денеска ќе ја почне втората инвестициска фаза во Македонија, во која се предвидува изградба на нова фабрика во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Скопје 2 - Илинден во која, како што беше најавено на почетокот на годинава, ќе се произведуваат автобуси за европскиот пазар.
Како што беше објавено на крајот на јануари оваа година, инвестицијата на белгиската компанија ќе изнесува 15 милиони евра, а треба да се реализира во следните четири години. Во фабриката треба да бидат вработени 400 работници, а се очекува до 2019 година вкупниот број на вработени во „Ван Хол“ во Македонија да достигне 1.250.
Во правата фабрика што оваа компанија ја отвори во Македонија се произведуваат автобуси за американскиот пазар.
Ново на Сител
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница