Почнува „Вино Скоп 2017“

На плоштадот „Мајка Тереза“, пред МОБ утре почнува фестивалот на виното „Вино Скоп 2017“ на кој ќе се претстават десетина македонски винарии на чии штандови посетителите по промотивни цени ќе можат да дегустираат повеќе видови вина и македонски деликатеси.
- Град Скопје преку фестивалот на виното – Вино Скоп, сака да ги поддржи и промовира македонските производители на вина, да го презентира долгогодишното производство на вино, нашето културно наследство и традиција и развој на квалитетниот вински туризам, преку дегустација на вино и храна од нашето поднебје. Посетителите на годинешниов Вино Скоп ќе имаат можност да дегустираат повеќе видови вина по промотивни цени, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино, проследено со богата културно-уметничка прогама, рече Слободан Ќосев од Секторот за Локален економски развој на Град Скопје на денешната прес-конференција.
За реализација на овој фестивал на виното, додаде, Градот Скопје од буџетот издвои 700.000 денари.
Даниел Шилев од името на организаторот „Темов“, најави богата музичка програма со настапи на Караванија, Калевала-бенд, Викторија Лоба, Ај Кју, Нокаут, ДЈ Александар Јорданов, Поп Арт Бенд, Нина Јанева со 2 Егзит, Фиц, Чил Плеј, Миле Кузмановски, дуото Куку Леле, етнобендот Баклава.
Годинава е предвидено и викенд матине кое ќе почнува на пладне во сабота и во недела, а присутните ќе ги забавуваат познати тамбураши и чалгии. Во четврток и в петок, ќе има „ афтерворк“ забави со рок, блуз и џез бендови.
Вечерните забави ќе започнуваат во 21 часот, додека пак дневните во четврток и во петок од 17 часот, а во сабота и во недела во 12 часот. Како и секоја година влезот е бесплатен, а манифестацијата ќе трае до недела.
Фестивалот за промоција на вино „Вино Скоп", кој годинава ќе се одржи по 11 пат, традиционално го организира Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Друштвото за угостителство, трговија и услуги Темов фшт Доо-Скопје
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
