Почнува пријавувањето за упис на Скопскиот универзитет
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето за упис во прва година во академската 2017/2018 година.
Според Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за претстојната студиска година, слободни се вкупно 10.818 места. Од нив 5865 се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3793 места се за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра годишно и 1160 за вонредни студенти кои, исто така, плаќаат 400 евра. Новина во конкурсот е укинувањето на дисперзираните студии.
Кандидатите кои ќе го пропуштат првиот рок за пријавување оваа недела, може да се пријават во вториот рок на 4 септември, а на факултетите на кои ќе има слободни места третиот рок за пријавување за упис е на 15 септември.
Во конкурсот на УКИМ се наведени потребните документи и критериумите и условите за упис, меѓу кои е и положена државна матура.
Ново на Сител
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра
-
Судовите се неажурни во работата, нерешени им стојат 150 илјади предмети
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени