Loading Video...
Спорт плус
23. September 2019 - 16:28

Почнува битката за полуфинале на ЕП за одбојкари

Со двата натпревари што ќе се играат вечерва, започнува битката за влез во полуфиналето на Европскиот одбојкарски шампионат. 
 
Вечерва ќе биде позната и првата полуфинална двојка, откако во Љубљана и во холандскиот град Апелдорн, ќе се одиграат првите две средби од четвртфиналето. 
 
Во Љубљана каде своето деби на шампионатот го имаше и македонската репрезентација, ќе се сретнат селекциите на Русија и Словенија. Потсетување дека во групната фаза во последната рунда Русите кои се бранители на шампионскиот трофеј ја победија Словенија со 3-0. Овој меч започнува од 20 часот и 30 минути, додека половина час порано (20:00) ќе стартува средбата меѓу Полска и Германија.  
 
Победниците од овие натпревари ќе ја формираат првата полуфинална двојка, а втората ќе ја дадат победниците од утрешните средби во кои Франција за противник ќе ја има Италија, додека Србија ќе се сретне со Украина.