Почнаа дискусиите на техничко ниво меѓу Грција и кредиторите
Првите дискусии меѓу грчките власти и кредиторите за третиот пакет финансиска помош за Грција, почнаа вчера на техничко ниво, и денеска ќе продолжат со поголем интензитет, соопшти грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос.
- Ќе го проучиме и имплементираме договорот на Еврогрупата и евросамитот. Се надеваме дека се ќе оди добро, изјави Цакалотос по состанокот на Владиниот совет за економска политика.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, официјален претставник на грчкото Министерство за финансии вчера соопшти дека преговорите со кредиторите на техничко ниво ќе почнат денеска. На дневен ред, меѓу другото, ќе бидат прашања што се однесуваат на фискалните, пензиските и трудовите реформи.
Грчкото Министерство за финансии соопшти дека прашањето за дополнителен трет пакет реформи не е покренато, во согласност со договорот од самитот на 12 јули, ниту во писмото на министерот за финансии Цакалотос до Европскиот механизам за стабилност.
Ново на Сител
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот