Почна втората фаза од регулацијата на Липковска река во должина од 400 метри
Почна изградбата на втората фаза на проектот за регулација на Липковска река, проект на Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП, за заштита од поплави во регионите под висок ризик .
Почетокот на градбата денеска во Липково ја означија министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон и градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи.
-Сакам да се заблагодарам на големата поддршка од УНДП и да најавам интензивирање на соработката во иднина, во интерес на жителите на општината и насекаде во државата. Му честитам на градоначалникот за реализацијата на проектот и му посакувам уште многу вакви успешни иницијативи во иднина, рече Дураки.
Винтон ја нагласи поддршката која ја дава УНДП и порача дека општината ќе биде во можност целосно да го заврши овој проект, што е од голема важност за нејзините жители“,
Според градоначалникот Арифи, со овој проект не само што ќе се обезбеди долгорочна заштита од поплави на населението и имотот, туку и естетски ќе се збогати просторот во центарот на општина Липково.
Проектот, вреден околу 200.000 американски долари се изведува со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации, а негова цел е довршување на регулацијатата на реката во должина од дополнителни 400 метри, со што ќе се намали ризикот од поплави.
Ново на Сител
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот