-->
-->
Почна третата фаза на испитување на турската вакцина Турковак против Ковид-19
-->
Во Турција денеска почна третата фаза од испитувањето на вакцината против Ковид-19, што треба да биде достапна за употреба до крајот на годината.
– Не е познато колку ќе трае ова болест и колку мутации ќе има. Од пресудно значење е да имаме своја вакцина против оваа болест, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на вакцинацијата на првиот доброволец во третата фаза од испитување на турската вакцина против Ковид-19.
Ердоган турската вакцина ја нарече Турковак.
Во Турција лицата над 25 години имаат право да се вакцинираат, а граѓаните се имунизираат со Синовак, Фајзер и Бионтек. Анкара издаде одобрување за итна употреба на руската вакцина Спутник В.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот