Почна судењето за обид за убиство на Тодоров
Во Кривичниот суд денеска почна судењето за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара која почина пред две години чекајќи Фондот да и одобри средства за операција во странство, на 1 јуни годинава пред Министерството за здравство со гасен пиштол пукаше во Тодоров, кој не беше повреден.
Стојановски се товари за „обид за убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Судот му определи притвор на Стојановски, поради постоење опасност од бегство и опасност од извршување на истото кривично дело.
Адвокатката на Стојановски, Павлина Зефиќ на почетокот на судењето побара да биде изземена судијката Софија Лаличиќ, бидејќи ја има во прислушуваните разговори што ги објави СДСМ.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик