Почна санацијата на водоводна и канализциона мрежа на штиспката улица Вардарска

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на улицата Вардарска, која е дел од Програмата за приоритетни улици.
Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев информира дека екипите веќе ја отстраниле коцката од улицата, по што веднаш почнуваат со копање на рововите, каде ќе се ставаат водоводната и канализациона мрежа.
- ЈП „Исар“ ќе постави нова водоводна мрежа во должина од 320 метри и канализациона мрежа во должина исто така од 320 метри. Оваа реконструкција е со цел да се подобри притисокот на водата и да се подобри водоснабдувањето во овој дел на градот. Во моментов работиме на потегот од крстосницата кај улицата Пиринска до крстосницата кај Дујле, вели Бојаџиев.
Тој истакна дека инвестицијата во нова водоводна и канализациона мрежа на улицата „Вардарска“ чини 30 000 евра. По завршување на овој потег екипите ќе продолжат со санација на мрежата и до Основното училиште „Гоце Делчев“, а веднаш потоа од страна на Општина Штип ќе биде проширена и асфалтирана оваа улица, која е една од главните сообраќајници во градот.
Ново на Сител
-

Влошени прогнозите за инфлација, подобрени за раст на економијата
-

2026 - Година на раздолжување и задолжување
-

ВРЕДИ очекува министер плус по заминувањето на Меџити - Од Влада велат преговори нема
-

Повик за изработка на бесплатни веб-сајтови за локалните самоуправи и јавните институции
-

Востановување на националната награда „Роксан Стојанов“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на дното
-

Фалат лекови поради бирократски процедури
