Почна „Јади паметно“ – онлајн кампањата за посвесна и здрава исхрана

-„Јади паметно“ ја подига свеста и им помага на луѓето да разберат зошто нашиот избор на храна е важен и колку храната е тесно поврзана со одржливоста на планетата. Во тек на седум дена, преку седум предизвици, учесниците од целиот свет ќе истражуваат како да јадат поодржливо. „Јади паметно“ е забавен и лесен начин да се почне да се јаде посвесно, додека ги инспирираме останатите. За натамошно ангажирање на јавноста и давање смисла на пораката, спонтано ќе почне натпревар за значењето на храната во Запаниот Балкан од страна на блогерите, наведуваат од „Сите сити“.
Според „Сите сити“, она од што се состои нашата храна, како се одгледува и колку далеку е транспортирана, се сите фактори кои треба да се земат предвид при изборот на оброк. Органска, локално произведена вегетаријанска храна има многу помало влијание на планетата во споредба со конвенционално произведено говедско месо од целиот свет.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради