Почна изградбата на патот од Давидово до манастирот „Свети Илија“

Патот долг 767 метри од гевгелиското село Давидово до манастирот „Свети Илија“ по иницијатива на жителите од овој крај почна да се гради денеска со 10,7 милиони денари што ги обезбеди Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
-Овој значаен проект на локалните жители и многубројните посетители ќе им овозможи полесен пристап до манастирот,што беше и нивна дамнешна желба, рече градоначалникот Сашо Поцков пред почетокот на градежните активности и најави дека до крајот на годината претстои акција за подобрување на патната инфраструктура во Општина Гевгелија.
-Наскоро очекуваме да почне ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково до крстосницата кај бензинската пумпа „Шимов“, кој се финансира од истата Агенција но преку Југоисточниот плански регион, а со околу 900.000 евра што ни ги одобри Министерството за транспорт и врски од Програмата на Светската банка подготвуваме проекти кои ќе ги реализираме до крајот на годината во функција на подобрување на патната инфраструктура во општината,рече Поцков.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
