Почна изградбата на новиот парк во Мичурин
Општина Аеродром деновиве ги почна активностите за изградба на новиот парк во населбата Мичурин, соопшти прес-службата на Општината.
Урбаниот парк, како истакна градоначалникот Златко Марин, ќе се гради на постојното игралиште спроти ОУ „Блаже Конески“, а ќе биде со површина од 3.573 квадратни метри. Паркот ќе понуди зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, како и место за друштвени игри за најмладите.
На оваа локација исто така ќе има и артериски бунар со цел навремено наводнување на околното зеленило.
Општина Аеродром, покрај овој парк, во наредниот период ќе изгради повеќе паркови на различни локации. Два од урбаните парка ќе бидат во Стар Аеродром, покрај улиците „Методија Шаторов Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нов парк ќе се гради и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении