Македонија
17. September 2019 - 10:39

Почина професорот Томе Груевски

Професорот Томе Груевски синоќа почина по кусо и тешко боледување во Скопје на 70. години.

Томе Груевски е роден во Смилево, Битолско, (1949), новинар и универзитетски професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста, прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија. 

Тој зад себе остави бројни генерации новинари.