Почина познатата американска писателка Ен Рајс
– Американската писателка Ен Рајс, авторка на романот „Интервју со вампир“, почина на 80-годишна возраст, поради компликации кои се појавиле по срцев напад.
Рајс е автор и на една од најпопуларните серии на книги – „Вампирски хроники“, а таа инспирираше многу други писатели да пишуваат во истиот жанр.
„Интервју со вампир“ е продаден во над 150 милиони примероци низ светот, по што следи истоимената филмска адаптација со Бред Пит во главната улога.
Вистинското име на Ен Рајс е Хауард Ален Френсис О’Брајан. Таа го добила името по нејзиниот татко Хауард, но уште како дете инсистирала да ја викаат Ен.
Го напиша романот „Интервју со вампир“ во 1976 година, кој е всушност нејзиниот начин да се ослободи од депресијата по смртта на нејзината шест годишна ќерка.
Ново на Сител
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?