-->
-->
Почина охридската спортска легенда Александар Леко Радич
-->
Александар Леко Радич, легендата на охридското и македонското пливање почина денеска на 87. годишна возраст.
Покрај тоа што беше голем пливачки шампион и врвен тренер, Радич се смета за еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон. Во текот на тренерската кариера тој создаде плејада пливачки шампиони, меѓу кои посебно место заземаат Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Нико Нестор, Александар Маленко и многу други.
Во 2013 година Александар Леко Радич го доби највисокото општинско признание за животно дело-наградата „Свети Климент Охридски - Патронот на Охрид“.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на Градските гробишта во Охрид од 13 до 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат