Почина грчкиот пекар кој бесплатно им делеше леб на мигрантите
Грчкиот пекар Дионисис Арванитакис, кој бесплатно ги снабдуваше со леб бегалците кои пристигнуваа на грчките острови, почина вчера, на возраст од 77 години.
Тој во март 2015 година почна да подарува по 100 килограми леб дневно не бегалците кои пристигнуваа на островот Кос. – Знам какво е чувството кога немаш ништо, велеше Арванитакис.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во соопштение изрази почит за „примерниот европски граѓанин“, кој покажа „невообичаена дарежливост и сочувство со стотиците несреќни мигранти“.
„Мојата Европа е онаа која ја симболизира Дионисис Арванитакис“, истакна Јункер.
Арванитакис потекнува од сиромашно десетчлено семејство, а во 16-та година емигрирал во Австралија. Подоцна се вратил во Грција и се населил на островот Кос во 1970 година, каде од заштедата отворил своја пекара.
Ново на Сител
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус