Почина 68 годишен маж во пожар во Штип
Почина маж од Штип кој се задушил во собата во која живеел. Утринава пред 7.30 часот во Полициската станица Штип бил пријавен пожар од страна на пожарникарите, кои биле на лице место. Пожарот се случил на улица „19 Бригада“, каде 68-годишниот маж живеел под кирија, а сопственикот на куќата утринава забележал чад од неговата соба и ја повикал противпожарната служба. И покрај брзата интервенција кај 68-годишниот маж е констатирана смрт.
Полициски службеници беа на местото на настанот, увид изврши Јавен обвинител, а смрт е констатирана од страна на Брзата помош Штип.
Командирот на територијалната противпожарна единица Штип, Дарко Коцев истакна дека на терен излегле со две возила и седум пожарникари утринава во 7:20 часот. На местото е затекнато изгорено човечко тело при што веднаш се повикани екипите на брзата помош и полицијата. Лекарите констатирале дека нема траги на насилство врз починатото лице, а истражните органи треба да откријат како настанал пожарот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги