По земјотресот во Албанија, 4.000 лица сместени во хотели а 6.500 во шатори
На денешната седма вонредна седница на албанската Влада, со која во отуство на премирот Еди Рама, кој е во Лондон на Самитот на НАТО, раководеше вицепремиерот Ерион Браче, соопштени се последните податоци за бројот на оштетени објекти и лица сместени во шатори и хотели.
Министерот за земјоделство и кординатор за менаџирање со кризи, Бледи Чучи, рече дека во Тирана се оштетени 525 куќи и 3.100 станови.
-Што се однесува за сместувањето на луѓето погодени од земјотресот, 4.000 лица се сместени во хотели, 2.054 во сали, додека 26 се уште се во болници. 6.500 луѓе се под шатори додека 390 во социјални станови. Големи оштетувања има кај 36 учлишни објекти од нив четири во Тирана. 12 сопственици во Драч, изразија готовност сами да ги покријат штетите од земјотресот,рече Чучи.
Посочи дека продолжува да пристигнува помош од Турција, Косово, Црна Гора,Северна Македонија, Хрватска и други земји и оти секојдневно пристигнуваат експертски групи кои се приклучуваат кон оние кои се на терен за проценка на штетите.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра