По вчерашната несреќата кај Велес, се огласи и туристичката агенција и повикаа на молитва за повредените
Во автобусот на „Бус травел“ кој вчера се преврте при враќањето од Грција биле туристи на туристичката агенција „Савана“ Туристичката агенција информира дека во автобуската несреќа што се случи на автопатот Велес – Скопје биле повредени и возачот и придружникот на автобусот.
Во несреќата 27 патници кои се враќаа од одмор на Халкидики во Грција се повредени, од кои една жена синоќа почина на Ургентниот центар во Скопје, а на деветгодишно девојче му е ампутирана раката.
„Почитувани наши сограѓани, пријатели и патници. Со неизмерна тага и болка ве известуваме, дека вчера во вечерните часови, автобусот на превозникот „Бус травел“ од Скопје, кој превезуваше дел (25 патници) од нашите туристи кои се враќаа од летувањата во туристичките места на Халкидики, на делницата од автопатот Велес - Скопје имаше тешка и трагична сообраќајна несреќа.
Во оваа страотна сообраќајна незгода, најголем дел од патниците, придружникот и возачот на автобусот, беа тешко повредени и хоспитализирани во болниците во Велес и Скопје, додека една патничка за жал, во болницата сепак им подлегна на здобиените повреди.
Изразувајќи го нашето сочувство кон семејството на починатата госпоѓа, како и искрената надеж за поскоро оздравување на другите патници, ве повикуваме да ни се придружите во нашите молитви кон Господа, за негова милост и нивно спасение“, соопшти „Савана“.
Ново на Сител
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
-
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина